„Davidsbeеnhere“: 10.места што вреди да се посетат во Охрид

Охрид, 22 октомври 2015 (МИА) – Продуцентската екипа од САД, предводена од продуцентот и експерт за туризам Дејвид Хофман што неодамна престојуваше во Македонија, го објави првиот запис за убавините на Охрид и причините зошто вреди да се посети регионот.



Хофман во својата репортажа за Охрид препорачува десет работи што треба да ги посети секој оној турист што дошол тука. Меѓу десетте топ-атракции тој ги препорачува посетата на црквите „Свети Јован Канео“, Плаошник, „Света Софија“, „Свети Наум“ со изворите на Црн Дрим, постоа посета на Музејот „Куќата на Робевци“, Самоиловата тврдина, Античкиот театар, Националниот парк „Галичица“, неизбежна посета на некоја од продавниците за Охридски бисер и прошетка со чамец по Охридското Езеро.

Продуцентската куќа беше ангажирана од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со цел изработка на промотивни видеа за Македонија, односно куси документарни филмови што ќе ја претстават туристичката понуда на земјата во светот.

Досега се објавени три записи со материјал од Македонија, а покрај оваа репортажа за Охрид уште се објавени и видео-записот за Битола и серија неверојатни инстаграм фотографии од посетата на Македонија.

Хофман за време на престојот тука истакна дека Македонија е 64-та држава што ја посетува, каде ќе прибира материјал за приближување на дестинацијата до заинтересираните туристи, односно да им покаже на луѓето што се можат тука да видат и зошто вреди да дојдат во Македонија.

Предвидено е продуцентската куќа да изработи шест промотивни видеа за Македонија и тоа покрај за Битола уште и материјали за винските региони во земјата, работи што мора да се посетат во Скопје, видео за потеклото на македонскиот јазик и култура, прилог за Стоби, како и материјал за Охридското Езеро.

Во рамки на ангажманот предвидено е да бидат изработени и репортажи за топ-десетте места што мора да се посетат во Македонија, туристички водич низ Скопје, репортажа за Охридското Езеро, за храната и виното во Македонија. Видеата за Македонија ќе бидат дистрибуирани на повеќе специјализирани туристички интернет страници како www.Tripfilms.com, www.TravelDudes.org, www.Davidsbeenhere.com,www.YouTube.com, www.Vimeo.com, www.Stcommunities.sg,  www.VideoTravelers.com.

Сиот изработен материјал останува сопственост на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот така што ќе може да се користи и во иднина за туристички промотивни цели. аб/цр/13:28



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...