Се подготвува теренот, но не се поставува барикада со жица на границата

Скопје, 19 ноември 2015 (МИА) - Не се поставува нова барикада со жица на македонско-грчката граница. Се работи за барикада која е поставена од почетокот на мигрантската криза кај прифатниот центар во Гевгелија за канализирање на протокот на мигрантите, изјави за МИА порпаролот на АРМ, полковник Тони Јаневски.

Сепак, информира Јаневски, се работи на расчистување на теренот за евентуално поставување такво ограничување кое би било во случај на крајна нужда, а во согласност со донесените заклучоци на Советот за безбедност на РМ одржан на 14. ноември, а во врска со потребните мерки во случај на можни ограничувањата на проток на мигранти. АРМ и Управувачкиот комитет, истакна Јаневски, согласно тие заклучоци и задолженија ги преземаат сите потребни мерки.

- Подготовките се однесуваат во смисла на планирање на евентуални такви активности за поставување ограничувања, планирање на потребни ресурси, а опфаќа воедно и расчистување на теренот каде евентуално би се поставило такво ограничување кое ќе биде во случај на крајна нужда, изјави Јаневски.

Тој истакна дека АРМ редовно ги извршува поставените активности како и досега во однос на спречување на нелегалните минувања и поефикасен и побрз премин на мигрантите кон нивно канализирање кон транзитниот центар, но како испомош на граничната полиција. 

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, во изминатите 12 часа 4.366 мигранти од прифатниот центар заминале кон Куманово.

Како што изјави за МИА Ѓоко Лазаров, раководител на прифатниот камп кај Гевгелија, се пропуштаат сите пристигнати без селекција на национална припадност односно сите што исполнуваат услови за да им се издаде потврда за право за барање азил. 

УНХЦР претходно соопшти дека Србија и Македонија го ограничиле пропуштањето на мигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан.

Советот за безбедност на Република Македонија на седницата свикана од претседателот Ѓорге Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и случувањата во врска со бегалците, донесе конкретни заклучоци и мерки во случај на ескалација на мигрантската криза. 

На седницата беше утврдено дека во однос на мигрантската криза надлежните институции во Република Македонија постапуваат во согласност со Законот за управување со кризи.

Заклучено е АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат.

Доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност заклучи АРМ и Управувачкиот комитет, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување  ограда.

Советот за безбедност потенцира дека поставувањето на оградата не би било во насока на затворање на границата, туку за канализирање и ограничување на протокот, во согласност со бројот на мигранти што ќе го прифатат државите во Европа кон кои тие се упатуваат.

Сепак, ваквиот чекор, кој засега е само можност, би се преземал во крајна нужда, односно само доколку земјите кон кои се упатуваат мигрантите значително го намалат протокот и  на тој начин Република Македонија биде доведена во ситуација да се соочи со предизвикот за подолг престој на неконтролирана бројка на мигранти за која нема капацитет и можност да даде хуман третман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...