Почина новинарката Неда Бакевска

Скопје, 20 декември 2015 (МИА) - На 41 година денеска во Скопје почина Неда Бакевска, новинарка на Телевизија „Телма“ во редакцијата за култура. 

Бакевска е родена во 1974 година, дипломира на Филолошкиот факултет, на групата за македонска и јужнословенски книжевности, со англиски и француски јазик и литература и магистрира на Институтот за политичко-правни студии во 2001. Беше редактор и преведувач на книжевни дела од англиски јазик. 

- Според сопствените интересирања и афинитети, но и како ќерка на истакнатиот писател Петре Бакевски, Неда Бакевска сиот живот го посвети на книгата во секој нејзин вид, не само како страствен читател на поетски, прозни, публицистички и теориски дела, но пред се како професионален проследувач на овој домен во нејзиниот зрел, седумнаесет години долг работен век, почнувајќи од нејзиниот повеќестран ангажман во книгоиздателството „Култура“ каде што се вработи во 1998 година, се до нејзината уште покреативна професионална фаза остварена како новинар во Телевизија „Телма“ каде работеше од 2000 година до денес, објави ТВ Телма. 

Прераната смрт ја прекина нејзината подготовка на докторската теза „Влијанието на новите комуникациски технологии врз формирањето на виртуелни заедници: реконструирање на идентитетите во процесот на блогирање“ на Институтот за македонска литература.

Посмртните останки на Неда Бакевска ќе бидат изложени утре, 21 декември,  во 12.30 во капелата на гробиштата Бутел во Скопје. Погребот ќе биде извршен во 13.30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...