Македонија нема да дозволи да стане тампон зона за бегалците

Скопје, 22 февруари 2016 (МИА) - Македонија работи на тоа да не дозволи создавање тампон зона, со тоа што ќе се најде пред свршен чин да биде затворена северната и јужната граница и акциите за справување со мигрантско-бегалската криза моментално ги сведува на тоа да обезбеди хуман прием и регистрација на сите луѓе и нивен безбеден транзит до крајната дестинација во некоја од западноевропските земји.



Според извори од МНР, ставот на Македонија моментално е дека има донесено заклучоци на Совет на ЕУ и ние ги применуваме. Тие подразбираат дека има еден третман за лица кои се реално баратели на азил и бегаат од конфликт и другата категорија е сите оние кои бараат подобра можност за вработување. Нашиот став е дека ние не сакаме затворање на границата и наша цел е да спречиме илегални преминувања, да имаме скрининг и регистрација на легитимни баратели на азил на наша граница и сите кои се основани да можат да продолжат до својата крајна дестинација во ЕУ, велат од МНР.

Надворешно политичката димензија на пристапот за справување со мигрантско-бегалската криза може да се подели во три аспекти Турција, надворешни граници и реадмисија.

Во однос на Турција, на ниво на ЕУ има став дека таа е главен фактор за справување со бегалската криза, и се сведува на тоа пари за помалку бегалци. Според ЕУ релативно лесно луѓето минуваат од Турција во Грција, додека пак Турција има чувство дека три милијарди што ЕУ ги има ветено се само почеток од она што би требало да го добијат во следниот период, бидејќи 4 и пол години згрижуваат над 2 и пол милиони луѓе.

Вториот аспект за обезбедување на надворешните граници е дека до мигрантите на влез во Шенген зоната ќе биде дадена порака дека само оние кои се загрозени бегалци и основани баратели на азил ќе можат да продолжат понатаму, а сите други ќе се враќаат на самата Шенген граница. Тоа подразбира дека ќе има оперативни центри за прием, од кои во овој момент во Грција има пет, каде се врши прием, скенирање и регистрација и каде се определува основ на барање на азил и кој може да продолжи понатаму, а кој не, и треба да биде вратен во Турција.

Третиот аспект, реадмисијата е клучна работа бидејќи иако во Германија моментално има милион бегалци, според проценките голем дел од нив ќе се сведат на економски мигранти и во такви услови ќе треба да се вратат во земјите од кои доаѓаат. Реадмисијата се однесува на сите земји кои се сметаат за „безбедни“, а понатаму може да се однесува и на некои од тие кои се зафатени до конфликт, но не биле загрозени. Конкретно има три земји кои влегуваат во категорија на загрозени земји Сирија, Ирак и Авганистан. Проблем со Авганистанците е тоа што дел од нив се луѓе што не бегаат од конфликти кои моментално се случуваат во земјата, туку престојувале во Грција, Австрија или Германија одреден временски период и го користат моментот да го искористат мигрантскиот бран и да бараат азил во некоја од западно-европските земји.

Моментално ситуацијата со авганистанците баратели на азил е таква што Србија ги враќа на Табановце и не дозволува нивни влез, додека Грција притиска и бара да се овозможи влез за да транзитираат низ нашата земја. Македонија, од своја страна, чека тоа да биде решено и договорено на ниво на ЕУ.

Во моментот бранот на бегалци и  нивниот број е намален, но проценката е дека тоа не се должи толку многу на сериозна примена на овие мерки, туку се должи на временските услови и прашање на време е кога повторно ќе се врати.

Од МНР, исто така, нагласуваат дека комуникацијата со Грција е подобрена. Најголем страв на Грција е дека Македонија може целосно да ја затвори границата и сите центри за прием, бидејќи факт е дека бројките на илегални премини се многу намалени и во центрите ги примаме само тие што се основани баратели на азил кои ќе продолжат кон ЕУ.

Најавата од Австрија дека годинава ќе го ограничи бројот на баратели на азил во земјата на околу 37.500 не значи целосно затворање на границата по поплнување на оваа бројка, бидејќи нивниот став е дека ќе дозволат влез на секој што низ Австрија ќе помине како транзит и не значи затворање на границата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...