„Победниците“ од Рој Јакобсен објавен на македонски јазик

Скопје, 29 јануари 2016 (МИА) - Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Победниците“ од Рој Јакобсен, кого го нарекуваат „најдобриот раскажувач од времето на Кнут Хамсун до денес“.

„Победниците“ е добитник на наградата „Букселерс“ и на престижната Награда на книжевните критичари од Норвешка. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија. Преводот на македонски е на  Искра Бадева која има завршено студии по скандинавистика на Софискиот универзитет во 2007 година. 

- Од перспективата на едно семејство се прикажани условите за живот на обичниот човек во Норвешка во минатите 80 години, при што со огромна брзина економијата од земјоделско-рибарски ориентирана се трансформирала во постиндустриска, технолошки напредна, со голем број можности и со благопријатни околности. Големиот пробив на Јакобсен се случил токму со овој роман, кој му носи широка публика и одлични критики, информира „Антолог“.

Рој Јакобсен (1954) е еден од највлијателните современи писатели од Норвешка. Автор е на книга раскази, романи, биографии, како и на книги за деца. Од сензационалното деби, се развил во оригинален и моќен автор со посебен интерес во психолошката страна на човечките односи. Член е на Норвешката академија за книжевност и јазик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...