„МОСТ“ со препораки за ажурирање на Избирачкиот список

Скопје, 12 март 2016 (МИА) - Граѓанската асоцијација „МОСТ“ апелира до граѓаните да ги пријават сите сомнителни случаи поврзани со Избирачкиот соисок и да ги достави до ДИК, која треба теренски да ги провери. 

Недоследностите што ги забележале граѓаните во Избирачкиот список, откако тој беше ставен на веб-страницата на ДИК, како што изјави на денешната прес-конференција извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов се резултат на долгогодишни системски проблеми, како и на начинот на водење на базите на податоци за граѓаните кои првенствено произлегуваат од МВР.

- На граѓаните им препорачуваме да го проверуваат и старото и новото име на улицата, како и да ги проверат сите опции од куќниот број и броевите на влезовите и становите, односно броевите со и без нули пред нив (на пр. 1, 01, 001, 0001), рече Алексов.

„МОСТ“ им укажува на граѓаните како да ги исправат забележаните недоследности во Избирачкиот список.

- Увидовме дека дел од проблемите во Избирачкиот список произлегуваат и од чудната потреба за честа промена на имињата на улиците од страна на општините, што во некои случаи повлекува и промена на куќните броеви, при што нема воспоставен меѓуинституционален механизам на ажурирање на адресите на граѓаните, рече Алексов. 

Што се однесува до сомневањата дали одредени граѓани живеат на одредена адреса, според него, тие случаи може да се пријават во подрачните канцеларии или преку веб-страницата на ДИК. Алексов тврди дека има недореченост во однос на оваа процедура во Изборниот законик и оти тоа е уште една причина ДИК да изврши теренска проверка на сите пријавени случаи од страна на граѓаните. Алексов ги повика граѓаните кои го промениле живеалиштето на територијата на Република Македонија, но не ја променила таа промена согласно закон да го сторат тоа. 

- Со цел решавање на овие проблеми, потребно ќе биде да се донесат измени на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, Законот за личната карта и евентуално Законот за општата управна постапка. Со овие измени би се допрецизирале условите за стекнување на живеалиште и следствено на тоа, добивање лична карта, а на МВР би му се овозможила и правна основа да ги поништува решенијата за доделување живеалиште и издавање лична карта доколку се утврдат прекршувања на овие постапки, рече Алексов. 

Според него, за да се добие кредибилен избирачки список, сите институции инволвирани во процесот на неговото ажурирање мора да ги поддржат напорите на ДИК и заедно со оваа институција тимски да дизајнираат функционален, одржлив и ефикасен систем за ажурирање на Избирачкиот список.

„МОСТ“ на денешната прес-конференција упати апел до граѓаните да пријават какви било неправилности во Избирачкиот список, какви било притисоци и каков било каков поткуп на гласачи на бесплатната телефонска линија 080 080 080 и со тоа да бидат активни учесници во подобрувањето на изборниот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...