Јанева: Имаме основани сомненија за резултатот од изборниот процес

Скопје, 23 март 2016 (МИА) - Имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои укажуваат на бројни нерегуларности што се случиле во изборниот процес, имаме основани сомненија за резултатот од тој изборен процес, истакнува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмено известување до медиумите по толкувањата на нејзината вчерашна изјава.



- Сакам да појаснам дека мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги и улогата на фер и демократските избори во градењето на институциите и нивниот легитимитет, и истата не беше во насока на деградирање на државните институции. Имено, како што и во самата изјава наведов, Целта на нашите истраги и евентуални обвиненија останува санкционирање на оние за кои што ќе биде докажано дека учествувале во изборни измами и генерална превенција на слични однесувања во правец на обезбедување услови за избори лишени од изборни нерегуларности, со цел изборниот резултат вистински да ја отслика волјата на граѓаните и полна доверба во институциите, нагласува Јанева.

Специјалната обвинителка ги појаснува и причините зошто нема да присуствува на седниците на Советот на јавни обвинители и во Собранието на Република Македонија, нагласувајќи дека не се работи за непочитување на овие две институции.

- Согласно законските прописи, а и согласно Уставот на Република Македонија јас имам единствено законска обврска да поднесам извештај за шестмесечното работење на ова Јавно обвинителство, кој извештај е поднесен и ги содржи сите елементи што законот ги пропишува. Воедно, согласно праксата на работењето на институциите до кои се доставува Извештајот - Собранието на Република Македонија и Советот на јавни обвинители, подносителот на Извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај, па така на јавноста не и познато јавен обвинител или друг претставник на правосудството да образложува свој извештај пред Собранието на Република Македонија, вели Јанева.

Според неа, иста е и праксата на Советот на јавни обвинители, а тоа го потврдил и претседателот на Советот на јавни обвинители во својата изјава, кога рекол дека освен Јавниот обвинител на Република Македонија, кој е воедно и член на Советот на јавни обвинители и мора да присуствува на седниците на Советот, никој друг обвинител не бил повикан ниту присуствувал на разгледување на Извештај за работењето на обвинителството.

- Во оваа насока сакам да укажам и дека барањето на Советот на јавни обвинители јас да присуствувам на Седница на Советот го пренебрегнува начелото на автономност на ова Јавно обвинителство, согласно кое ниту еден јавен обвинител во Република Македонија, вклучително и Јавниот обвинител во Република Македонија не може да бара извештаи поврзани со предмети од надлежност на ова Јавно обвинителство. Доколку Советот на јавни обвинители смета дека му се потребни одредени појаснувања по однос на некои други аспекти од мојот извештај, подготвена сум да дадам такво појаснување во рамките на можностите, наведува Катица Канева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...