ДИК го објави списокот на неконзистетни записи кои теренски се проверуваат

Скопје, 29 март 2016 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб-страница го објави списокот на неконзистентни записи - Предмет на теренски проверки. Списокот содржи име, презиме и адреса. 

Според Љупка Гугучевска, советник во ДИК на списокот има 100.436 неконзистентни записи за 89. 383 граѓани. 

Објавувањето на списокот предизвика преоптовареност на веб страницата на ДИК поради што повремено тој не е во функција или не се отвора документот со некозистентни записи.

Анкетирањето на терен, пак, според информациите од ДИК, денеска се одвива без проблеми. 

Според податоците од последната седница на ДИК вчера, на терен се 727 овластени анкетари во сите 80 општини во земјата. Постапкката на анкетирање пасивно ја набљудуваат по еден претставник од четирите најголеми политички партии и на невладините МОСТ и Синергија, како и на ОБСЕ.  

Најмногу неконзистентни записи има во општина Чаир, чие подрачно одделение на ДИК е надлежно и за општините Бутел и Шуто Оризари. Педесет анкетари проверуваат 17.041 илјади запис, но од ДИК вчера најавија дека во оваа општина ќе биде зголемен бројот на овластени анкетари. 

Осумдесет и пет анкетари проверуваат 11.676 неконзистентни записи во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...