„Тврдина“ - нов случај што ќе го истражува СЈО

Скопје, 30 март 2016 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство поведе истражна постапка под име „Тврдина“, поврзана со незаконско следење на комуникации со користење и искористување опрема и уреди за следење кои се во сопственост на МВР, информира денеска на прес-конференција обвинителката Катица Јанева.

Според обвинителката Ленче Ристовска, се работи за сложен предмет во кој се осомничени  пет лица за сторени повеќе кривични дела. Првоосомничениот сторил три кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување исправа“. Второсомничениот сторил две кривични дела „злоупотреба на службена  положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, додека третосомничената сторила едно кривично дело „„злоупотреба на службена  положба и овластување“,  четвортоосомничената сторила две кривични дело „злоупотреба на службена  положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, а петоосомничената сторила шест кривични дела „фалсификвуање исправа“. За петооосомничената  се води скратена постапка, со оглед на тоа што казната за овие кривични дела е до 5 години затвор, информира Ристовска, додека за сите останати за „злоупотреба на службена  положба и овластување“ е предвидена минимална затворска казна од пет, а максимална до 20 години затвор. 

- Имајќи ја предвид сериозноста на кривичните дела кои им се ставаат на товар на осомничените, како и фактот дека првоосомничениот се уште е лице во редовен работен однос во рамки на УБК, кај нас постоеше висок  степен на сомнение дека во неговиот дом можат да бидат најдени докази поврзани со ова кривично дело. Предистражната постапка за тоа кој прислушувал во РМ продолжува и веруваме дека и покрај тоа што се уништени системите за следење на комуникации ќе се изнајде механизам за да се утврди кој навистина прислушувал и да се обезбедат и материјални докази за тоа. До тој момент сметавме дека е нужно да се објасни што се случува со опремата преку која се следени комуникациите во периодот за кој ние сме основани, изјави обвинителката Ристовска.

Во овој предмет, рече обвинителката Ристовска, осомничени се двајца началници на Оддели при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и МВР, кои во првата половина од 2015 година заедно со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на границите на нивното службено овластување, со умисла помогнати од осомничениот началник на една од единиците во Управата, ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на средствата на државата и Буџетот на Република Македонија во износ од 10 милиони евра.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа изјави дека СЈО има докази кои посочуваат на тоа дека и други лица ги користеле односно ги злоупотребиле системите за следње на комуникациите како во рамки на МВР, така и надвор од Министерството.

Обвинителката Ристовска, посочи дека во моментот МВР располага со систем на следење на комуникации, но СЈО во моментот не е во можност да дава податоци, со оглед дека се работи за огромен број класифицирани информации, за тоа каков тип на системи биле и техничките спецификации на уништените системи.

- Првоосомничениот заради прикривање на други лица кои неовластено ги користеле системите за следење на комуникациите при УБК, издал усна наредба до раководните лица на организационите единици во рамки на Одделот за оперативно техничка поддршка на операции за доставување на Известување за состојба на материјално технички средства во УБК. Наредбата била дадена со цел да се прикаже наводна потреба од ништење на системите за следење на комуникации, иако согласно Извештајот од пописот за 2014 година не е констатирана потреба од расходување на средства или системи по било кој основ, рече обвинителката Ристовска.

На 16.03.2015 второосомничениот како началник на Одделот за координација при Управата до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси при МВР изготвил и доставил Предлог за формирање Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите и техничката опрема, спротивно од Упатството за вршење на попис во МВР, како и без прецизна и јасна формулирана задача на Комисијата. 

Како што наведе Ристовска, на 23.03.2015 министерот за внатрешни работи (третоосомничената) формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во УБК, без да ги има предвид одредбите од законските и подзаконските акти кои го регулираат начинот на постапување со класифицирани информации, без да има конкретен законски основ за формирање на комисија за ништење на средства и опрема, без да постои барање од сите организационите единици во УБК и без да изврши проверка дали предложените членови на Комисијата ги исполнуваат условите. 

На 28.03.2015 година системите и опремата кои биле предмет на попис и ништење, меѓу кои и двата системи за следење на комуникации со товарни возила сопственост на МВР биле однесени во правно лице кое има отпад за старо железо, информира обвинителката. На лице место освен членовите на Комисијата, присутни биле и прво, второ и четвртоосомничениот. 

- Откако целата опрема и системи биле ставени во пресата за ништење и пресувани, остатоците биле избалирани и оставени на отпадот, кој простор бил набљудуван од страна на припадници на УБК, засега непознати за истрагата до 03.04.2015 година, појасни обвинителката Ристевска.

Таа додаде оти на 03.04.2015 година, без знаење и присуство на сите членови на Комисијата, а по налог на првоосомничениот даден со цел да се обезбеди целосно ништење на системите за следење на комуникации, дел од членовите на Комисијата, заедно со претставници на правното лице, откако ги натовариле балираните делови од уништените системи и опрема, се упатиле во друго правното лице, каде балираните делови од системи и опрема биле ставени во дробилица и биле повторно здробени.

За спроведеното ништење Комисијата изготвила Записник и преглед на ништени средства и опрема, како и Извештај. Досега, истакна таа, не се пронајдени докази за тоа дали овој Извештај е доставен до директорот на УБК и министерот за внатрешни работи.

Во втората половина на 2015 година до средината на март 2016 година, посочи на прес-конференцијата обвинителката, преземени се повеќе дејствија за фалсфикување на службени исправи, а во кои учество имала и петоосомничената како службено лице – технички документарист.

Првоосомничениот со цел прикривање на незаконитите дејствија во постапката за уништување на системите за следење на комуникации, од позиција на претпоставен ја поттикнал петтосомничената, во својство на службено лице – технички документарист во Одделот, да изврши фалсификување на службена исправа и на ваквите Известувања да внесе невистинити податоци, односно истите да ги заведе во деловодната книга за 2014 година, како да се изготвени во 2014 година, иако овие дописи се изготвени во периодот од 2015 до 2016 година. Во истиот период првоосомничениот изготвил службен допис со невистинита содржина во кој внел невистинити податоци како дописот наводно да е испратен до Одделот за Координација при УБК и со свој потпис го заверил службениот допис. Овој допис бил изготвен со намера да се прикаже дека наводната потреба за ништење на системите за следење на комуникации датира од претходно, а не од месец март 2015 кога е спроведено ништењето. Иако се работи за допис кој бил изготвен во периодот од 2015 до 2016 година,прече Ристовска, петтосомничената го завела споменатиот допис на крајот на деловодната книга за 2014 година, внесувајќи невистинити податоци за датумот на дописот и архивскиот број. 

Четвртоосомничениот на 8. март 2016 година во својство на заменик на првоосомничениот, ваквите службени дописи ги презентирал на состанокот оддржан во просториите на УБК во присуство на службени лица од Управата и претставници на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На новинарско прашање како е изоставен во случајот „Тврдина“ поранешниот директор на УБК, обвинителката Ристовска рече дека се опфатени сите лица за кои СЈО има обезбедено цврсти материјални докази.

- Немаме се уште докази за инволвираност на директорот и би било крајно не профеисонално врз основа на претпоставки и претпоставена одговорност вклучиме кое било лице, независно дали се работи за директорот или за членовите на Комисијата, за кое немаме директен доказ за инволвираност во начинот на вршењето на кривичното дело, такво лице нема никогаш да биде опфатено ниту во овој ниту во друг предмет од наша страна, одговори Ристовска.

Во врско со „Тврдина“ СЈО побара сослушување на првосомничениот Г.Г., како и претрес во неговиот дом и одредување мерка притвор, што не беше прифатено од судија на претходна постапка.

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека издало покана Г.Г. во текот на денешниот ден да се јави во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството за притвор, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука.

Обвинителката Катица Јанева на прес-конференцијата рече дека добила информација оти Г.Г. денеска во 13 часот ќе се јави во Основниот суд Скопје 1.

„Тврдина“ е трет случај што го отвора СЈО, по „Титаник“ во врска со изборни нерегуларности и „Тортура“ за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...