Затвор од 1 до 5 години за објавување приватни разговори

Скопје, 1 април 2016 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство најостро го осудува објавувањето материјали од приватни разговори кои изминатите денови се појавија на социјалните мрежи, а со кои се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица.

-  Во оваа насока појаснуваме дека објавувањето на вакви материјали е кривично дело, согласно членот 151 од Кривичниот законик. Овој член предвидува дека тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со казна затвор од една до пет години, а со оваа казна ќе се казни и тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана. Воедно со истата казна ќе се казни и тој што тонски ќе сними изјава што му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица, се наведува во денешното соопштение од СЈО.

Апелираат до сите лица кои се засегнати со објавувањето на материјалите од приватните разговори кои се појавија на социјалните мрежи тоа да го пријават до ова Јавно обвинителство во најкус можен рок, како што велат од СЈО во рамки на нивните надлежности истите да бидат истражени. Од СЈО ги повикуваат и сите субјекти кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток  можен рок до ова Јавно обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење го повикува Собранието на Република Македонија согласно својот мандат да ги имплементира препораките упатени во мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста.

- Оттука го потсетуваме Собранието дека во функција на остварување соодветна рамнотежа помеѓу приватните интереси и интересот за информирање на јавноста препораките укажуваат дека е потребно да се дозволи објавување на материјали кои се од јавен интерес, со некои потесно дефинирани исклучоци поврзани со јавното објавување на информации за интимни аспекти од приватниот и семејниот живот, како и укажувањето за потребата од прецизно дефинирање на обврската за предавање на материјалите на Специјалното јавно обвинителство која не треба да го исклучи објавувањето на такви материјали кои се однесуваат на работи од јавен интерес, се вели во соопштението.

Специјалното јавно обвинителство информира дека до Собранието на Република Македонија денеска е доставена Иницијатива за донесување Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, која иницијатива, како што се посочува во соопштението, произлегува како резултат на потребата од уредување на надлежноста на Јавното обвинителсто за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во постапката за заштита на сведоци и е во насока на елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата на ова Јавно обвинителство.

- Во таа насока цениме дека донесувањето на овој закон ќе обезбеди целосна имплементација на начелото на автономност на ова Јавно обвинителство во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се додава во соопштението.

Од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите информираат дека е поведена предистражна постапка за приватни разговори кои беа објавени на социјалните мрежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...