Претседателот Иванов останува на одлуката за аболиција

Скопје, 15 април 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево соопшти дека останува на одлуката за аболиција.

Како што рече во обраќањето, причината за неповлекувањето на одлуката е државниот интерес на Македонија.

- Пред три дена донесов одлука која е исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија. И по сите реакции, како и тогаш, така и сега, цврсто сум убеден дека таквата одлука ќе помогне за надминување на политичката криза и намалување на тензиите меѓу политичките противници, истакна Иванов, додавајќи дека е свесен за одговорноста што ја презел.

Целта на носењето на одлуката, потсети, е таа да биде гаранција дека до денот на одржување на изборите, партиите и нивните поддржувачи, работата на институциите и активноста на претставниците на меѓународната заедница нема да бидат злоупотребени и нема да влијаат во нарушувањето на изборниот процес.

Иванов, нагласи, внимателно ги проследил и анализирал сите реакции по одлуката која, повтори, го штити исклучиво државниот интерес. 

- Уште еднаш повторувам, секој оној кој смета дека сум му одземал право, сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес, потенцира шефот на државата.

Според него, партиите и нивните поддржувачи ги користат институциите како средство за пресметка, судовите се под притисок при постапување по предмети, безбедносните институции се парализирани со нарушен систем на команда и висок е ризикот да не можат да одговорат на заканите со кои се соочуваме, додека Специјалното обвинителство има потреба од време за квалитетно вршење на истраги.

- Барам претставниците на меѓународната заедница кои се вклучени во процесот да помогнат сите страни целосно да си ги исполнат преземените обврски од Договорот од Пржино, додека потписниците на договорот да ги спроведат преземените обврски и да овозможат слободни, фер, демократски  и кредибилни избори. Ги охрабрувам сите носители на јавни функции кои извршуваат работи  согласно Уставот и законите, судии, обвинители, полициски службеници и други да не подлежат на притисоци и влијанија од кого било во вршењето на своите должности. Ги охрабрувам за сите случаи јавно да проговорат и ако чувствуваат потреба да ме информираат, подвлече Иванов.

Тој, како што рече, уште еднаш ги повикува претставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своето однесување и активности и ги потсетува дека би можело да бидат погрешно разбрани.

- Граѓаните на Република Македонија очекуваат од политичките партии нивно внатрешно прочистување и промовирање нови лица во политиката, порача претседателот и изрази очекување распишаните избори на 5 јуни да бидат вовед во ново поглавје за Република Македонија. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...