Заврши протестот против одлуката на Иванов за аболиција

Скопје, 16 април 2016 (МИА) - Заврши протестот организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, со барање за негова оставка, како и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни.

Вечерашниот протест почна од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција.



Демонстрантите од пред СЈО се упатија кон Собранието на Република Македонија, околу чија зграда имаше распоредено полициско обезбедување.

Од Собранието демонстрантите се упатија кон Владата на Република Македонија. И вечерва дел од демонстрантите ја оштетија фасадата на Порта Македонија, која се наоѓа во близина на Собранието, со јајца и боја, и испишувајќи графити на неа.

Од пред Владата, која беше исто така обезбедувана од полицијата, тие се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде и заврши протестот.

Во знак на поддршка вечерва на протестот се приклучи и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

- Во една работа сигурно верувам, а тоа е нашиот народ. Народот е гневен и гневот расте. Секој ден се случуваат нови глупости и нови срамоти за Македонија. Денеска сме овде, јас, дел од раководството на СДСМ, како и впрочем сите вечери, некој од нас е присутен во поддршка на овие протести кои ги организираат граѓанските организации. Ова расте и не може да застане. Интензитетот се повеќе и повеќе ќе се зголемува, рече Заев.

Само се надевам, рече, дека ќе бидеме внимателни, дека ќе бидеме, како што рече, луѓе пред се, без употреба на насилство и по мирен пат секој ќе го изрази револтот во форма на протест и оти сето ова ќе заврши по мирен пат, со заминување на оваа режимска и криминална власт.Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...