Хајндл ги комплетира средбите со потписниците на Договорот од Пржино

Скопје, 13 мај 2016 9МИА) - Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска имаше одделни средби со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, на кои му биле пренесени нивните ставови за актуелната политичка криза и за можностите за нејзино надминување.

На средбата со Заев, како што соопшти СДСМ, се разговарало за модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција. Заев посочил дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слобдата, демократијата и правдата во Македонија.

- Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонина може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови, рекол Заев на средбата со Хајндл.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го информирал Хајндл со нивната иницијатива за свикување на Собранието. Ахмети по средбата ги повика сите политички партии да ја поддржат нивната иницијатива со цел да се најдат начини за решавањето на политичката криза. Рече дека се во контакт со другите политички партии, а се консултираат и со правни домашни и странски екперти како да се свика Парламентот. Според лидерот на ДУИ, избори на 5 јуни нема да се одржат, зашто не постојат услови за тоа. 

- Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на земјата. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања, изјави Ахмети по средбата со специјалниот германски пратеник за Македонија.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, пак, ја оцени инцијативата на ДУИ за свикување на Парламентот како лош маркетинишки трик.

Според него, договорот од Пржино е мртов и време е за нов договор. Одговорноста за пропаѓањето на Пржинскиот договор, вели Тачи, е  кај ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

За средбата со Хајндл рече дека разговарале за политичката криза и се согласивме дека интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија не би требало да има друга алтернатива.

Лидерот на ДПА потврди дека во изминатите денови имало меѓупартските контакти и консултации на кои меѓу другото се разговарало и за нов датум за избори, но не кажа повеќе детали. Тачи смета дека е добро што меѓународната заедница се ангажира за излез од политичката криза. 

Германскиот пратеник синоќа Јоханес Хандл имаше средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а претходно и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на САД во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти партијата, истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од политичката криза. Груевски посочил дека е потребна волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап. 

- Интерес на државата и на сите граѓани е надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и економскиот развој. Граѓаните посакуваат решенија кои ќе значат враќање на нивната сигурност, но и спокојство, рекол Груевски. Тој посочил дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните и нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество.

Хајндл по дводневните средби во Скопје не даде изјави за медиумите. Вчера попладне Германската амбасада лиферуваше само негова пишана изјава во која вели дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочува дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.

- Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот, стои во изјавата на Хајндл.

Хајндл неодамна беше именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за специјален пратеник на Берлин кој ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...