Излезот од кризата е Пржинскиот договор, да не се одолговлекува процесот

Скопје, 8 јуни 2016 (МИА) - За надминување на кризата потребно е да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор  како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес што претстои и да не се одолговлекува со неговата имплементација, порача специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл по серијата средби во Скопје со лидерите на партиите потписнички на договорот, со државниот врв и со претставниците на меѓународната заедница. 

- Добрата вест е дека има излез од кризава, а тоа е договорот од Пржино, чии принципи и начела го поставуваат патот во правец на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес се одолговлекува, кризата продолжува да и нанесува штета на земјата и, искрено, времето изминува. Затоа мојата порака беше дека е потребно да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор  како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес кој претстои, истакна Хајндл во изјавата за медиумите пред Германската амбасада.

Во овој контекст, тој ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за целосно повлекување на помилувањата. Тоа, вели, овозможува да се стави фокусот на имплементацијата на Договорот од Пржино и на оние прашања кои се клучни за иднината на земјата. Укажа и кои се следните чекори што е неопходно да се направат.

- Прво, партиите треба да постигнат согласност за датумот на изборите и да го направат она што е потребно за да се исполнат условите за слободни и фер избори. Второ, на специјалниот обвинител мора да му се овозможи да го исполни својот мандат без какви било опструкции и слободно. И трето, партиите треба да се согласат без какво било одложување за имплементацијата на итните реформски приоритети и да ги адресираат недостатоците посочени во Извештајот на Прибе. Ова може да се постигне и изводливо е. Треба да се искористи позитивниот моментум. Сепак, она што е неопходно сега е политичките лидери да ги стават интересите на земјата и да го направат она што е неопходно за државата да оди напред и реформите да се случат, подвлече Хајндл.

Специјалниот пратеник вчера попладне имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а претпладенво и со претседателите на  ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Ова е трета посета на Хајндл за еден месец како специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...