Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО

Скопје, 10 јуни 2016 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера доставило пет предлози за определување мерки за обезбедување присуство. Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по нив, а лицата ќе бидат повикани во судот, стои во соопштението од Кривичниот суд.



Се предлага мерка притвор за Г.Г., како и предлог за определување мерки за претпазливост за Г.Ј.,Т.Ј.,Н.Б. и В.С., кои се однесуваат на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“.

Се предлага определување мерка притвор за В.Т во однос на предмететот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а мерки за претпазливост за Н.Г., М.Ј. и Т.Т. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „ТНТ“.

- Предлог за определување мерки за претпазливост има за лицата И.А., Н.С., Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, за кој Кривичниот совет, по претходно поднесен предлог за истите лица, на 08.06.2016 година донесе одлука предметот да се врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка, како што информиравме во претходното соопштение, при што по овие два предлога ќе постапува судија на претходна постапка во единствена постапка, стои во соопштението.

Сите предлози, соопшти Кривичниот суд, се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. - Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период, додаваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради...
Верски календар
На денешен ден
1511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и...
1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа...
1818.- Родена е англиската писателка со ирско...
1863.- Роден е Хенри Форд, производител и...