Утревечер во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот - „Браќа Манаки“

Битола, 9 септември 2016 (МИА) - Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е подготвен за свеченото отворање на 37. издание, закажано за утревечер во 20 часот во Битолскиот Центар за култура.

Фестивалот почнува со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“, македонско-хрватска-финска продукција, во режија на Раде Шербеџија и Данило Шербеџија. 



- На утрешната свеченост, на црвениот килим очекуваме да бидат легендарниот Раде Шербеџија, харизматичните Луција Шербеџија и Силвија Стојановска, актерите Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед. Во Битола, на црвениот килим ќе прошета и младиот талент, 11-годишниот Давид Тодосовски, кој дебитира во главна улога во овој филм, информираат од ИФФК „Браќа Манаки“, вели Шербеџија.

Сценариото за филмот „Ослободување на Скопје“ е напишано пред девет години и, како што вели режисерот Шербеџија, тоа е мој сон.

- Тоа е најдобро напишан драмски текст на просторот на некогашна Југославија, чиј автор е Душан Јовановиќ, а во која и јас играв. Со неа имавме голем успех низ целата земја. Едноставно, приказната е фантастична. Цело време размислував, додека живеев во САД, како да направиме филм од таа претстава, која имаше успех и во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, за менталитетот, за музиката, карактерите на луѓето, за љубовта, посочи  Шербеџија.

На свеченото отворање на фестивалот, на Оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена Златна Камера 300 за животно дело, а писмо од Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за Милер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...