СДСМ го презентира Планот за Македонија

Скопје, 2 октомври 2016 (МИА) - Под мотото „План за Македонија“ СДСМ денеска го одржува 20. партиски конгрес.

Од вкупно 728 делегати, присутни се 539 или 74 отсто.



На конгресот се и поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, пратеници од Европскиот парламент, како и високи членови на европските сестрински социјалдемократски партии.

- Македонија на 11 декември ќе го слави животот. Не ни треба победа заради власт и хранење на егото, а на граѓаните уште помалку им се важни партиските победи. Доста беше веќе крпен живот, време е за достоинствен живот, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето на конгресот.

Според него, од денеска СДСМ ги отвора вратите за сите граѓани, за сите нивни проблеми, идеи, предлози, решенија,...

- Ако сакаме поинаква Македонија, првото прашање треба да биде - што да променам кај себе за да придонесам за промените во Македонија. СДСМ се отвори, битката што ја почна е преголема и прејака за да ја води сама. Секому подаваме рака, секого ќе ислушаме зашто секој е важен, потребен, секој има мака, идеа, план,... Од денеска секој штаб и канцеларија да ги остави вратите отворени, од овој момент засекогаш, луѓето мора да знаат каде можат да тропнат. Ќе ги слушаме и решаваме нивните проблеми, тие ќе доаѓаат кај нас, ние ќе одиме кај нив. Вака му доликува да работи на СДСМ, потенцира Заев.



Човекот пред се, е клучната определба на СДСМ, додаде Заев, подвлекувајќи дека нема поголем патриотизам од тоа да им се овозможи спокоен, мирен и пристоен живот на граѓаните.

- Кога ќе го ставиме човекот на пиедестаел, тогаш тој сам, според своите потреби, ќе ги постави приоритетите. Изминативе 10 години се изнагледавме квази патриотизам со полнење нечии сопствени џебови, но тоа е алчност, а не патриотизам, рече Заев и, цитирајќи го првиот македонски претседател Киро Глигоров, истакна дека Македонија е се што имаме, а тоа е народот, луѓето, секој од нас.

Претседателот на СДСМ во обраќањето се осврна на приоритетните мерки креирани под мотото „План за Македонија“. Тие, посочи, предвидуваат поддршка за секоја категорија во општетсвото - деловната заедница, студентите, пензионерите, земјоделците,...

Не смее ниту ден повеќе да се дозволи практикувањето на, како што рече, уништувачките политики.

- Како би било да се живее со просечна плата од 30.000 денари, со помали трошоци за живот, без страв да влезете во маркет или од испружената рака на вашето дете, да купувате облека според вкус, а не според цена или да имате пари за одмор. Ништо од ова не е луксуз, неостварливо и нечие ексклузивно право. Секој има право на достоинстевн живот, укажа Заев.

Според него, ако СДСМ дојде на власт најниската плата ќе биде најпрво зголемена за 12.000, а мандатот на власта ќе заврши со зголемување на најниските плати за 16.000 денари. Поддршка ќе добијат и компаниите, иселениците што сакаат да инвестираат во Македонија, социјалните случаи,...

- Ќе им помагаме на домашните фирми, тие ќе бидат столбот на македонската економија. Нема да се расфрламе со камења и палми, туку ќе ги поддржуваме малите, микро и средните претпријатија. Но на земјава и се потребни и инфраструктура, водоводи, болници, градинки,... Македонија е една од најсирмашните држави во Европа со огромна иселеност, над 500.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштијата, а социјалната помош не стасува и е попниска за 60 отсто од прагот на сиромаштијата, посочи претседателот на СДСМ.

И земјоделецот, додаде, ќе ја добие заслужената почит во општеството. - Не ве гледаме како бројка и гласачка машинерија, туку како луѓе кои работат една од најблагородните дејности. Ќе ви ги обезбедиме сите услови да произведувате, продавате, инвестирате, им порача Заев на земјоделците.



Според заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска, партијата ќе гради општество без поделби по каква било основа, со еднакви права и еднаква примена на законите за сите, ќе инвестира во инфраструктурата, задравството, образованието, младите,...

- Денеска мнозинството граѓани ги стави идеите на поделби ад-акта, ги прогласи за непожелни политичарите кои работат по тој принцип, кажа дека е разбудено и дека нема да дозволи да биде искористено како нивен штит. Македонија им припаѓа на сите и во неа за сите има место. Сите ги чувствуавме истите проблеми, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци,... Сите сакаме држава на еднакви граѓани со фер шанса, подвлече Шекеринска.

Генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски напомена дека граѓаните сакаат демократија, мир и сигурност, одговорна власт и државни институции во кои ќе имаат доверба, одговорни пратеници кои достојно ќе ги претставуваат, владини министри кои ќе им служат и полицајци кои ќе се борат против кринималот и корпуцијата.

- Промените што ги бараат граѓаните не може да ги испорача оваа влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ која е синоним за силеџиство, гушење на демократијата и медиумските слободи, за тефтер судии, послушни и невидливи обвинители, за затворање на критичките новинари, за масовно и нелегално прислушување, монтирани процеси, неправда и грабеж позната како Скопје 2014. Со право граѓаните бараат демократски промени, заклучи Спасовски.

Пред присутните се обратија и европратениците Ричард Ховит, Кен Хостед и Џакомо Филибег. Изразија максимална поддршка за претстојните парламентарни избори, кои, како што рекоа, ќе дадат одговор на прашањата дали Македонија е навистина подготвена за Европа, за демократија, транспарентност и владеење на правото.

Конгресот на СДСМ почна со интонирање на македонската химна, по што беа усвоени работните тела и програмата. Потоа им се даде можност на неколку граѓани, студенти, акетри, новинари, пензионери, земјоделци и државни службеници да ја раскажат својата приказна во однос на актуелната политичка ситуација во земјата.

Пред делегатите зборуваше и претседателот на социјалдемократската младина на Македонија Стефан Богоев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...