Во Охрид утре промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ на Архивот на РМ

Охрид, 16 ноември 2016 (МИА) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид утре ќе биде промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“, издание на Државниот архив на Македонија.

Директорот на Подрачното одделение на Архивот на Република Македонија во Охрид Славица Јанковска најавувајќи ја промоцијата истакна дека се работи за опсежно дело, собрани документи од страна на Архивот на РМ, со огромно значење не само за македонската историографија и документаристика, туку и за целокупното општествено живеење.

- Низ Црните страници на УДБА се отсликани голем број судбини, животи на наши предци и луѓе кои ги познаваме. Оваа едиција допрва треба да се претстави како историја која треба да се проучува, истакна Јанковска.

Таа појасни дека во едицијата има и делови што се однесуваат на лица прогонувани од државните служби на комунистичкиот режим од Охрид и околните општини, со забелешка дека постојат уште документи што не се објавени и ќе се откриваат.

- Се надевам дека и во Охрид има луѓе што поседуваат такви документи, ги повикуваме да ги достават до Архивот за да биде дополнета документацијата, рече таа.

Едицијата е составена од 16 книги во девет тома и ќе може да се купи како комплет по цена од 15 илјади денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Тато, да не спиеш?
- Не! Кажи што сакаш.
- Дај ми 200 денари за во град,
- Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!

* * *
Се јавува плавуша во Авиоимпекс:
- Се извинувам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на театрите
- Ден на здравственото воспитание на Македонија
1625.- Умре британскиот крал од шкотско потекло...
1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на...