Теоретичарката на култура Светлана Слапшак гостува на КРИК фестивалот

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) - Во рамки на КРИК - Фестивалот за критичка култура ќе гостува Светлана Слапшак, една од водечките интелектуалки, теоретичарки на културата, феминистки и антрополози во регионот и во Европа. Во Чифте амам вечер таа ќе одржи предавање насловено „Stratigos Тито - карате: поетика на пречекорувањето или мешање на меморијата и желбата“.

Предавањето го организира Контрапункт, а по него ќе следува дијалог помеѓу Слапшак и Ана Вујановиќ, независен културен работник во областа на современите перформативни уметности и културата.

- Во предавањето на Слапшак фокусот е ставен на општествено прифатливото насилство со гарантирано сеќавање по примерот на Атинската демократија. Како трите антички форми на сексуалност може да не поттикнат да ги преосмислиме и реформираме критиките/критицизмот на насилството? Како да се преодреди архивирањето со воведување сексуалност, еротика и љубов? Дали е ова начин на обременување на меморијата со наративот на sexerlove наместо наративот на насилството?, соопшти организаторот на настанот. 

Меѓу централните настани на програмата на КРИК фестивалот е меѓународната конференција „Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности“ која ќе се одржи во Чифте амам во организација на Есперанца – Светски културен центар.

Целта на мултидисциплинарната меѓународна конференција е да го преиспита концептот на дијаспората, мобилноста, номадските искуства, честите патувања, уметничките и културните резиденции. 

Покрај овие настани, на КРИК фестивалот денеска ќе почнат и рабтилници со заедничка тема „Поетики на радикалното издаваштво“ во организација на Мултимедијални институт, куда.орг и на Контрапункт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...