Библиотека во чест на проф. Гашпар Биро во Американ колеџ-Скопје

Скопје, 23 јануари 2017 (МИА) - Универзитетот Американ колеџ-Скопје денеска во свите простории ќе отвори универзитетска библиотека во чест на проф. Гашпар Биро (1958-2014), кој предавал меѓународно право и политика на Универзитетот „Етвош Лонранд“ во Будимпешта и бил специјален претставник на Обединетите нации за Судан.
Сенатот на Американ колеџ Скопје во 2010 година му ја додели на Гашпар Биро титулата почесен професор за неговиот исклучителен придонес во развојот на Универзитетот и за неговите извонредни постигнувања во политичките науки, во унапредувањето на човековите права и во заштитата на малцинствата.
- Проф. Гашпар Биро беше посветен пријател на Македонија. Неговите колеги, како и дипломатите високо ги ценат неговите напори во раните фази на меѓународно признавање на Република Македонија, како и неговиот придонес за продлабочување на билатералните односи меѓу Унгарија и Македонија. Пред сé, тој ќе биде запаметен како брилијантен интелектуалец кој храбро се залагаше за идеалите на слобода и човечко достоинство, соопшти Американ колеџ Скопје.
Библиотеката ќе ја отворат Иштван Иѓарто, државен министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, и Марјан Бојаџиев, ректор на Американ колеџ.
По отворањето на библиотеката, ќе биде одржано и предавање на тема „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“ на д-р Балаш Дери, директор на Центарот за проучување на религијата при Универзитот „Етвош Лоранд“ во Будимпешта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...