Заев: Обезбедени се потписи за мандат за нова влада

Скопје, 23 февруари 2017 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека веќе се обезбедени потписите за давање мандат за формирање нова влада. Според него, останува уште мал дел од преговорите со Демократската унија за интеграции околу формирање влада. Заев верува дека за десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од социјалдемократите.
- Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот. Верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени, изјави Заев, кој денеска во Сараево е на доделување на наградата за најдобар градоначалник.
Тоа, според лидерот на СДСМ, биле суштествените работи. - Останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата и верувам дека за некои десет до 15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од Социјалдемократите, истакна Заев.
Синоќа, додаде тој, раководството на ДУИ донело одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...