Железничкиот сообраќај во Македонија се уште во застој

Железничкиот патнички и товарен сообраќај во Македонија седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата.

Од МЖ Транспорт во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10-ти март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.
Ѓоко Илиески од Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека три дена немаат повратна информација од раководството на МЖ Транспорт, ниту најава за средба и разговори.

- Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување, изјави денеска Илиески.

Владата на завчерашната седница донесе одлука да бидат префрлени дополнителни 70 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера апелираше МЖ да продолжи со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.

Од Владата вчера не ја потврдија информацијата за оставка на генералниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов. Портпаролот Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање рече дека имаат чувство оти има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамки на актуелната состојба.

- Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски, изјави Ѓорѓиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...