ВМРО-ДПМНЕ: Народот не дозволи раскрчмување на државните интереси

Скопје, 9 април 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повтори дека излезот од политичката криза во државата се нови парламентарни избори затоа што смета дека само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се изјаснат околу тиранската платформа. - Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, народот ги прочитал лагите на СДСМ и не им дозволил да ги раскрчмуваат највисоките државни и национални интереси.

Албанските партии, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потврдиле дека има платформа, а претседателот на СДСМ Зоран Заев има обврска да ја реализира.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев е уценет и како што стои во соопштението, за да не оди во затвор мора да испорача се што ќе се побара од него, да го смени законот за јазици и да го официјализира албанскиот на цела територија, што ќе претставува вовед во редефинирање на Македонија во бинационална држава, да ги смени банкнотите, униформите и да ги осуди борците од НОБ за геноцид, да отвори дебата за промена на знамето, химната и грбот, да ги отпочне процесите на кантонизација и федерализација како вовед во промена на името на државата.

- Народот го гледа сето ова и храбро одлучи да му се спротистави на злосторничкото здружение во раководството на СДС, се вели во соопштението и се истакнува дека СДСМ е на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината.

Граѓаните, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, со право се револтирани и со право се на улиците 40 дена. Тие јасно го кажуваат своето мислење за деструктивната политика која СДС ја води



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...