Заев: Влада до крајот на месецот, подготвен сум за средба со Иванов

Скопје, 4 мај 2017 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека очекува, доколку претседателот на државата Ѓорге Иванов му го даде мандатот, до крајот на овој месец да биде формирана нова влада. Заев изрази подготвеност за средба со Иванов заедно со коалициските партнери на која, како што изјави, уште еднаш ќе ја гарантираат унитарноста на државата.
Писмото со кое Иванов се информира дека е фомирано парламентарно мнозинство и оти е избран претседател на Собранието било испратено вчера, а десетте дена за давање на мандатот, како што кажа Заев течат од моментот кога тоа ќе биде евидентирано во архивата на претседателот на државата.
- Покрај решавањето на правниот аспект со десетте дена јас сум подготвен да го посетам господинот Иванов. Ќе разговарам со коалициските партнери и лидерите да одиме заедно и уште еднаш да ја гарантираме унитарноста, уставноста, мултиетничноста, НАТО и ЕУ и перспективите на државата. Уште еднаш да го гарантираме и да го потврдиме се во функција на час поскоро да се додели мандатот. И од наша страна да не ги користиме дваесетте дена и да излеземе пред парламентот со предлог на новата влада, рече лидерот на СДСМ.
Според него, постојат можности до крајот на месецот да биде избрана новата влада, но тоа зависи од одлуката на Иванов да го даде мандатот, како и од техничката функционалност на Парламентот.
Запрашан за поставеното албанско знаме, покрај македонското и она на ЕУ на работната маса на Талат Џафери, кој беше избран од мнозинството за претседател на Собранието, Заев рече дека законите во Македонија се јасни и оти тие треба да се почитуваат и оти тој што ја направил грешката треба да ја поправи.
- Сакам да се почитуваат законите и Уставот на Република Македонија без разлика дали кршењето на закони или доаѓа од наш коалициски партнер или не. Секој треба да има политичка и законска одговорност. Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат. Ако се случила одредена грешка тој што ја направил, се надевам, дека ќе ја поправи. Мораме да испратиме конечно пораката дека Уставот и законот не може повеќе да се газат и тоа да се покажува како патриотски чин, без разлика дали е тоа од Македонците, Албанците, Турците, Србите... Треба сите да водиме грижа, изјави Заев.
Пратениците од СДСМ, според информациите на лидерот на партијата, се уште не се повикани во обвинителството во врска со насилството во Собранието. - Многу е важно институциите да направат вистинско препознавање да не се случи да одговара некој што не треба да одговара. Не сакам да влијаам на истрагата и на она што следува како процес, рече Заев кој се надева дека институциите ќе постапат за тие да не мораат да поднесуваат тужби.
За директорот на БЈБ Митко Чавков за кого е побарано разрешување пред Владата, Заев рече дека треба веднаш сам да си поднесе оставка.
- Не знам зошто чека некој да предложи негово разрешување. Одговорноста е директна. Треба да си даде оставка и да замине веднаш, рече лидерот на СДСМ.
Заев изјавата ја даде по состанокот со високи претставници на ОБСЕ од мисијата за превенција на секаков вид на кризи и ризици.
- Одржавме состанок со нив и ги дадовме сите наши погледи околу очекувањата за случувањата во периодот што претстои пред нас како поука или извлечен заклучок од она што веќе се случи во Македонија. Потврдивме официјално барање од нас да се вклучи ОБСЕ и да помогне во сите идни процеси, а се во функција да се забрзаат процесите на стабилизација и нормализација на нашата земја, рече лидерот на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...