ВМРО-ДПМНЕ: СДС да почне да работи на ветувањата дадени пред граѓаните

Скопје, 9 јуни 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение оценува дека најавите за дебати, уривањето на огради и укинувањето на програми нема да го подобрат стандардот на граѓаните.

Од партијата бараат СДСМ да почне да работи на реализација на ветувањата што им ги дале на граѓаните.

- Тоа што Заев ќе ја урива оградата од Владата или ќе ја укине програмата Кембриџ нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека граѓаните очекуваат реализација на проектите што ги ветиле како поврат на 15 процент на ДДВ со кој граѓаните ќе добиеле 30.000 денари годишно приход.

- Повторувањето на грчките црвени линии не им значи ништо на граѓаните кои очекуваат СДС да обезбеди брз влез во ЕУ и НАТО, како што тоа ветија, без притоа да се задира во идентитетски прашања или да се прават договори на штета на македонскиот народ.

Граѓаните очекуваат нови 500 километри автопат, без притоа СДС да измислува изговори за наводни застои за автопатите почнати од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во крајна фаза на градба, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...