ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Софија

Скопје, 22 јуни 2017 (МИА) - Зоран Заев станува сериозен ризик по македонските национални интереси и најомилената фигура меѓу сите националисти кои се натпреваруваат во анти-македонските ставови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.

- Зоран Заев ја води македонската влада и му должи образложение на македонскиот народ каде го видел национализмот и омразата во однесувањето на Македонија па сега тој одлучил да сврти нова страница?, се вели во соопштението

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев за дводневна посета во Бугарија удрил жестоко по македонската држава. - Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Музеј, по повод посетата на Заев изјави дека мислел нема да го доживее денот кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје, а тоа е Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто.

Истиот Димитров најави дека со потпишување и реализирање на договорот се става крај на македонизмот и Македонија се претвора во втора бугарска држава. Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Зар македонската историја нема значење на Зоран Заев, па реши да изјави дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија.

- Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише. СДС не е опозиција и треба да му одговори на македонскиот народ околу дилемите кои го вознемируваат по дводневната посета во Бугарија на Зоран Заев, се неведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...