ВМРО-ДПМНЕ создаде штети врз инфраструктурата, ќе има одговорност

Неодоговорното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години зад себе остави огромни штети врз интересите на граѓаните и државата, наведува СДСМ во денешното соопштение до медиумите.

- Огромните пропусти во изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци - Штип предизвикаа огромни штети врз потребите и интересите на граѓаните и угледот на државата. Брзајќи да ги добијат своите договорени провизии за кои слушна целата јавност, Никола Груевски и неговите соработници ги погазија интересите на граѓаните, предизвикувајќи долгорочни последици и дополнителни финансиски импликации.

Зад таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата постојат единствено криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство токму за автопатите Кичево–Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ, стои во соопштението.

СДСМ истаквува дека преку новата Влада што ја предводи активно работи во интерес на граѓаните и на поправање на штетите што ги создал ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на автопатот Кичево - Охрид. Најавуваат санација на сите штети, но и одговорност за секое работење спротивно на интересите на граѓаните и државата и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...