Иванов-Вучиќ: Отворените прашања да се решаваат со дијалог

 Сите прашања меѓу двете земји околу кои постојат различни мислења треба да се решаваат зеднички преку дијалог. Да не дозволуваме тие прашања да влијаат на односите меѓу двете држави, затоа што сепак, ние сме соседи и што и да се случи остануваме да живееме на овој простор и мора како добри соседи да создаваме добри практики за идните поколенија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по денешната билатерална средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград.

Претседателот Иванов изјави дека со неговиот српски колега имале конструктивна средба и биле согласни дека отворените прашања не треба да се политизираат.
- Сите отворени прашања мора да ги разгледуваме преку дијалог и надлежните институции да наоѓаат решенија. Kаде настанувааат проблемите, таму да се наоѓаат и решенијата. Да не ги политизираме и да не им даваме посебно значење на прашањата кои се во надлежност на институциите, изјави Иванов.

На прашањето дали двајцата претседатели разговарале за промовирање на идејата за заеднички регионален пазар, Иванов рече дека тоа ќе биде во надлежноста на двете Влади.

- Тоа е во интерес на целиот регион. Ние во минатото сме имале заеднички пазар, ги знаеме бенефитите од сето тоа, и која е користа за нашето стопанство, така што се надевам дека владите од регионот, како што Брдо Бриони процесот на ниво претседателите ги промовира тие идеи за зближување и отварање на просторот, така и премиерите на нивната идна средба во Трст сигурно конкретно ќе разговараат за реализација на таа иницијатива, изјави македонскиот претседател.

Претседателот Иванов истакна дека Македонија и Србија како две соседни земји своите односи мора да ги гајат во духот на пријателството и меѓусебна соработка. Додаде дека на средбата со Вучиќ раазговарале и за можностите за продлабочување на економската и трговската соработка, како и за прашања од културата.

- Разговаравме и за прашања од доменот на културата кои мора да ги регулираме со одбележувања на настани, како што беше одбележувањето на 70-годишнината од доаѓањето на Македонците во Србија што го одбележавме заедно со претходникот на Вучиќ. Тоа беше еден чин на почит. Тие ни посветија внимание и нашите Македонци беа навистина задоволни. Таквите настани ќе продолжиме и во иднина да ги одбележуваме, бидејќи тие ги зближуваат двата народа и придонесуваат кон доверба на двете држави,изјави Иванов.

Политичкиот дијалог меѓу двете земји се очекува да продолжи со идна посета на претседателот Вучиќ на Република Македонија.
Претседателот Иванов претпладнето оствари и неформална средба со досегашниот српски претседател Томислав Николиќ.

Македонскиот претседател вчеравечер во „Палата Србија“ присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на новиот српски претседател Александар Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...