Нов земјотрес од 3,8 степени по Рихтер во Охридско

Скопје, 6 јули 2017 (МИА) - Земјотрес со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево 11:12 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Уште два послаби земјотреса се регистрирани изутрината во Охридско. Првиот во 04:20 часот со магнитуда од 2,5, а другиот во 08:31 со магнитуда од 2,6 степени според Рихтер.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше на 3 јули во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...