ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветува целосна партизација на општеството

Скопје, 7 јули 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за постапки за целосна партизација на општеството. СДСМ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, во текот на изборите ветувале професионални државни институции и департизиран државен апарат, а еден месец откако дошле на власт нивни пратеници ветуваат противправни услуги и привилегии за членовите на оваа партија и институциите ги полнат со партиски и кадри на Сорос.

- Граѓаните видоа како Курто Дудуш од СДС ветува привилегии за граѓаните кои поседуваат членска книшка на СДС, дека таа ќе биде втора лична карта и дека со неа ќе можат да се прават сообраќајни прекршоци без притоа да бидат казнети од полиција, поседувачите на истата ќе имаат привилегии на лекар и во социјално. Ветувањата на Дудуш се срам за целиот демократски свет, ветувањата на Дудуш во темел ја поткупуваат правната држава и принципот на владеење на правото. СДС ветува целосна партизација на општеството до најситните пори на истото, тоа не смее да остане премолчено и заборавено, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Најголемата опозициска партија ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на, истакнуваат, ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за еден месец од промената на власта Владата и министерствата се преполниле со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос. Без почитување на законските процедури, како што тврди, се поставени директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Управниот инспекторат, а под државна капа се ставени активисти на т.н шарена револуција.

- Граѓаните од СДС очекуваат професионален државен апарат во служба на граѓаните, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДС, каде остатокот од граѓаните ќе бидат граѓани од втор ред, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...