ВМРО-ДПМНЕ: Со пари за земјоделците Владата ќе го финансира невладиниот сектор

Скопје, 21 јули 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека 30 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство пренаменила за финансирање на невладиниот сектор.

- Лицемерието на СДС на свој грб најмногу го почувствуваа земјоделците. Тие секојдневно се соочуваат со проблемите за кои новата Влада нема абер да ги решава. Дополнително, со ребалансот на буџетот предвиде кратење на средствата за земјоделците. Парите на земјоделците ги кратат, ама затоа предвидуваат пари од ставката земјоделство за финансирање невладини организации, изјави Никола Мицевски.
Јавноста, рече, сака да знае каде и за што ќе завршат овие пари.

- Финансирањето на невладините организации ќе биде со цел да ја покриваат лажната и лицемерна политика на Владата на СДС и Заев, да ја замајуваат јавноста и да ја дефокусираат од суштински прашања. Овие невладини организации, финансирани со пари на граѓаните, треба да ги кријат проблемите на граѓаните. Нивната задача ќе биде да ја фалат работата на Владата секогаш кога ќе направат погрешен потег во земјоделствоо или кога ќе предизвикаат катастрофа како што тоа е во моментот, истакна Мицевски.

Според него, со предложениот ребаланс се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој или цели 128 милиони денари од буџетот на МЗШВ намeнети за капитални инвестиции, а се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање невладини организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...