Шилегов: Почнува процесот на демонтирање на проектот „Скопје 2014“

Во Градот Скопје нема понатаму да се толерира незаконитоста и недозволеното постапување и почнува процесот на справување со проектот „Скопје 2014“. Сите досега изведени самоволни активности на претходната власт во градот ќе бидат соодветно законски истретирани.



Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека на местото каде се наоѓаше споменикот на Ќосето, Градот Скопје ќе насади дрво на човекови права, каде ќе биде поставена изгравирана плочка која ќе ја добијат од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

- Членот 10 гласи „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредување на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“. Пораката што ќе ја испрати градот до граѓаните е дека во судот правдата е слепа и се дели непристрасно, рече Шилегов.

Појасни дека дрвото ќе се набави во јавните набавки, а постапката за набавка на дрвја во градот и во паркови и зеленило е при самиот крај. Двете набавки ќе бидат во износ од околу 40 милиони денари.

Одговарајќи на новинарско прашање Шилегов рече дека екипи на Градот Скопје за да не предизвикаат застој во одвивањето на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници кај Врховниот суд, рано изутрината го отстраниле бесправно поставениот споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето.

- Поставување споменик е свечен момент и тој не би требало да се одвива во раните утрински часови. Очигледно дека таква била одлуката заради тоа што станува збор за нелегално поставување споменици, рече Шилегов и појасни дека при донесувањето на одлуката за тајмингот за отстранување на споменикот, се воделе од фактот да не се наруши безбедноста на учесниците во сообраќајот и да не се предизвика застој поради времетраењето на отстранувањето. Во отстранувањето биле ангажирани два камиона и еден кран.

Градот Скопје од надлежниот инспектор на општина Центар прими решение за уривање на дивоградбата за споменикот на Ќосето и во законски предвидениот рок од три дена во текот на денешниот ден постапивме по тоа решение.

- Не би сакал да влеземе во доменот на шпекулациите, станува збор за право. Кога ќе созреат правните состојби во тој момент ќе биде јавноста благовремено известена, одговори Шилегов на прашање за кои други споменици имаат сомневања дека се дивоградби.
Посочи дека споменикот на Ќосето бил однесен во просторите на МЗТ каде градот има закупено простор кога диво биле поставувани дел од спомен обележјата низ градот.
- Таму е оставен и ќе биде повикан донаторот да си го земе во определен рок од 15 до 30 дена. Постаментот е дивоградбата и тој ќе биде урнат. Предмет на истражување на дејствијата кои се преземаат од страна на надлежните органи не е самата статуа туку постапките, процедурите, начинот на кој е дојдено до нивното поставување и евентуалните злоупотреби при таквите постапки, додаде Шилегов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...