Општина Центар: Споменикот на Ќосето беше дивоградба

Во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје, општина Центар денеска соопшти дека по детално испитување на фактичката состојба, нивните надлежни служби донеле решение дека се работи за дивоградба.



При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, како што се наведува, е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Од општината посочуваат дека одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28.12.2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период.

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.

Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година, информираат од општина Центар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...