АХВ ќе контролира дали на пазарот има храна со јонизирачко зрачење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од следниот месец ќе контролира дали на пазарите во државава има храна третирана со јонизирачко зрачење. Со опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена ќе се тестира увозна храна со оглед дека во домашното стопанство се уште не е регистрирано такво производство.

Инспекторите на АХВ ќе земаат мостри од храната, за што поминуваат специјализирана обука, а испитувањата ќе се вршат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Јонизирачкото зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и, како што вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски, воопшто не е штетна. Регулативата пропишува дека мора да биде обележана со зборовите - озрачена или - третирана со јонизирачко зрачење.

- Не станува збор за третман на безбедноста на храната, туку за правото на потрошувачите да знаат каква храна конзумираат. Во тој дел Македонија и АХВ целосно се хармонизиизраа со европското законодавство, каде што исто така е предвидено храната произведена со оваа иновативна технологија да биде означена и потрошувачите да знаат што конзумираат, изјави денеска Атанасовски.
Со оглед дека веќе има земји кои ја третираат храната со оваа технологија од АХВ претпоставуават дека при увозот во државава влегува таква храна.

- Сакаме да видиме дали ја означуваат бидејќи се обврзани и дали ако е означена навистина ја третирале таквата храна. Се работи за подобрување на квалитетот на храната, безбедноста и продолжување на рокот и дали навистина се уништени микроорганизмите на површината на производот, посочи Атанасовски.

Согласно Правилникот на АХВ за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење дозволено е да се врши третман на суви билки, зачини, суво овошје и зеленчуци, затоа што тој е усогласен со европската легислатива.

Доколку некоја компанија сака да примени таква технологија во државава треба да добие дозвола од АХВ и од Дирекцијата за радијациска сигурност.

Како што објасни проф. Христина Спасевска од Факултетот за електротехника, која е координатор на проектот, процесот на третирање со јонизирачко зрачење е сличен на стерилизацијата на храната која ја вршиме во домашни услови, со топлинско зрачење. Разликата е што јонизирачкото зрачење е ладна стерилизација, не се користи топлина со кои се уништуваат одредени хранливи материи. Со јонизирачкото зрачење на добрите производи им се дава уште поголема вредност да бидат поквалитетни, а не лошите производи да ги направиме добри, изјави Спасевска.

Со поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија, на ФЕИТ се одржуваат обука и работилница со странски експерти за значењето на третирањето на храната со јонизирачко зрачење и колку таа е безбедна за консумирање.

Според најавите, АХВ, во партнерство со Факултетот за елетротехника и инфомациски технологии во Скопје и Биотехничкиот факултет од Битола, ќе спроведат нов двегодишен проект „Зголемување на капацитетите во Република Македонија за користење на нуклеарни техники за безбедност и детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење” кој комплетно е финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Со овој проект ќе се обезбеди и опрема за детектирање храна од месо и млечни производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што да правиш ако плавуша фрли осигурач накај тебе?
- Бегај подалеку, има граната во устата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на правата на човекот
1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин...
1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам...
1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција...