Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција.

Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.

- Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година, вели Хан.
Во врска со референдумот, Хан истакнува дека не може да се каже оти бил неуспешен.

- Невообичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето, истакнува еврокомесарот.

Хан смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.

- Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да претвориш мачка во свиња?
- Земи ја за жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк...
1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа,...
1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден...
1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот...