Аеродром на вонредна седница ќе расправа за локацијата кај Мајчин дом

Советот на Општина Аеродром попладне на вонредна седница ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање на трајно решение за стопирање на изградбата на зграда кај Мајчин дом.

- На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом, се наведува во соопштението од општина Аеродром.

На седницата може да присуствуваат граѓани и граѓански организации кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3.

Изградбата на висококатницата времено е стопирана за 15 дена поради, како што изјави во средата градоначалникот Златко Марин, неправилности во градилиштето.

- Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин на прес-конференција во средата. Против изградбата на зградата во вторникот протестираа жители на општината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...