Филипче: Раскинување на договорите и одземање на лиценцата на компанијата ако се утврди пропуст за МРП вакцините

Како Министерство за здравство одговараме за квалитетот на МРП вакцините и критериумите за нивна набавка. Ќе преземеме се што е во рамки на нашето делување и ако се покаже пропуст ќе се разгледа можноста за раскинување на сите договори со компанијата увозник и дистрибутер на МРП вакцините и за одземање на дозволата за работа, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, откако компанијата соопшти дека кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018.

Посочи дека сите вакцини се со добар квалитет и од оригинален производител Глаксо Смит Клајн и појасни дека кај мал број односно кај еден процент од вкупниот број дистрибуирани вакцини од таа серија има декларација со постар датум.

– Вакцини со ваков датум се откриени во поликлиниката Железничар, и во здравствените домови во Демир Хисар, Велес и Свети Николе, рече Филипче.

Додаде дека во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства ќе ги утврдуваат причините за настанатата техничка грешка, а компанијата веќе соопштила дека спроведува внатрешна истрага.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Ќахил Ибраими на прес-конференцијата рече дека проблемот бил кај налепницата и дека направена е техничка грешка при аплицирање на декларациите.

– Кога ќе ги собереме сите количини вакцини со таква декларација ќе постапиме кон фирмата. Има Закон по кој ќе постапиме, додаде Ибраими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...