Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО поведе постапка против седум лица, кои се приведени во полициска станица.



Јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека ОЈО ќе побара притвор против нив и да им бидат одредени мерки на претпазливост.

-Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автобусот и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рачев. Додаде дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

Приведени се седум лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...