Папата Франциск ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утре во рамки на неговата прва посета на државава, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје.



Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот ќе бидат отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот.

Во зоната ќе се пристапува преку девет влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:

Влез 1 кај Управен суд на ул. „Орце Николов”

Влез 2 кај хотел „Мериот“ на ул. „Максим Горки“

Влез 3 кај кафе „Тренд“ на ул. „Никола Вапцаров“

Влез 4 кај Министерство за правда на ул. „Димитрие Чуповски“

Влез 5 кај Министерство за финансии на ул. „Даме Груев“

Влез 6 кај Завод за статистика на ул. „Даме Груев”

Влез 7 кај Пелагонија на ул. „Димитрие Чуповски”

Влез 8 кај Порта Македонија на ул. „11 Октомври”

Влез 9 кај излезот од ГТЦ кон Плоштад

Учесниците, како што стои на веб страницата papa.mk, со себе треба да носат здравствена книшка и историја на болеста за хронично болните, како и најпотребните лекови кои ги користат, вода и освежувачки пијалаци во проѕирна пластична амбалажа, а доколку носат храна таа треба да биде во картонска или хартиена амбалажа. Се препорачува да се носи и мантил во случај да заврне дожд.

Забрането е носење експлозивни направи, пиротехнички средства (запалки, петарди, факли, „бенгалки“ и сл.), запаливи смеси и течности, спрејови и шишиња до компромитиран воздух, огнено и ладно оружје (ножеви, сите видови метални предмети, шипки, палки, ланци, ножици, жилети, метални прибори за јадење и сл., предмети погодни за повредување и самоповредување, храна и пијалаци во метална и стаклена амбалажа, сите видови алкохолни пијалаци и чадори, транспаренти и големи знамиња.

Присутните не треба да носат многу пари со себе и ако имаат потреба од здравствена помош треба да се обрати до најблискиот волонтер, кој ќе има препознатлива ознака.

За време на светата литургија, како што стои на веб страницата papa.mk, кога светиот отец ќе минува меѓу присутните не е дозволено фрлање какви било предмети, дури ни цвеќе, а во текот на литургиската прослава не е дозволено ракоплескање.

По завршувањето на литургијата папата во Спомен куќата на Света Мајка Тереза ќе се сретне со лидерите на верските заедници, по што ќе разговара со ранлива група граѓани. Тој ќе се сретне со свештеници од Католичката црква и со нивните семејства, со младите од државава и од светот кои претходно се пријавиле и добиле влезница, како и со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор. Папата по пристигнувањето на аеродромот во Скопје ќе се сретне и со државниот врв.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...