Во почетокот на јуни ќе се знаат промените најавени со „метлата“ на Заев

Во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредени државни институции.



Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев прашан од новинарите до каде е најавената „метла“, посочувајќи дека се работи за неколку министри, за неколку заменици министри, за неколку директори. Конечните бројки, рече, ќе се соопштуваат кога за тоа ќе биде донесена одлука.

– Се уште сме во фаза на размислување, го имам концептот. Главните критериуми ќе бидат ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, сите аспекти ќе бидат согледани и верувам дека ќе направиме вистински решенија, кои ќе бидат сериозен акцелератор за посилно динамизирање на работите во нашата земја, затоа што граѓаните сега очекуваат и конкретни резултати после сите овие крупни политички одлуки и по завршувањето на претседателските избори, појасни претседателот на Владата.

Информира дека деновиве ќе биде закажана средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со другите коалициски партнери на која ќе се разговара за реконструкцијата.

– Верувам дека треба да се случат промени од сите репрезенти во Владата или во државните институции, рече меѓу другото Заев одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува пораката од министрите на ДУИ дека одговорен за нивното работење е Ахмети.

Премиерот Заев им порача дека сите се одговорни пред граѓаните, затоа што дел доаѓаат од политички партии, а дел се интелектуалци.

– Главниот репер се граѓаните. Сите генерално очекуваме каде би се случиле промените. За мене нема пречки и предрасуди. Јас сум мандатор, мојата одговорност е да ги согледам укажувањата на граѓаните, да постапам по нив, да направам соодветни корекции, изјави Заев.

Паралелно, најави, ќе се прават и промени во СДСМ.

Заев повтори дека во наредните 15 дена до крајот на месецот ќе се донесат сериозни одлуки за нашата земја, дел се од интегративните процеси, како што е добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, која меѓу другото зависи од некои одлуки во Парламентот односно законот за безбедносните служби и за јавното обвинителство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе добил слаба оцена по географија.Кога дознал
татко му решил да му помогне на синот.Го земале глобусот и ....
-Тате,каде се наоѓа Атлански Океан?
По кусо вртење на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...