Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието

Најавената оставка на пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, кој по судските процеси избега и доби политички азил во Унгарија, е доставена во Собранието на Република Северна Македонија во средата на 5-ти јуни.

Се очекува во понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и да одлучат дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник, имајќи предвид дека веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, точка на дневен ред ставена на истата седница.



Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

– Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.

Оставката, како што најавува, ќе биде разгледана во понеделник на координација и притоа ќе бидат земени во предвид одредбите од Деловникот и од Уставот кои се однесуваат на оставка на пратеник, но и фактот дека во Собранието веќе има соодветна постапка за одземање на неговиот мандат.

Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со пет гласа „за“ и ниту еден глас против и без воздржани на 29 мај донесе одлука со која му предлага на Собранието одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно отсуство од ноември до мај оваа година. Одлуката на Комисијата е на дневен ред на седницата закажана во вторник на 11 јуни. За да му се одземе мандатот на Груевски со гласање во Собранието потребно е двотретинско мнозинство што не се знае дали може да се постигне имајќи ја предвид постапката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ односно не изјаснувањето на седницата на Комисијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, матичната партија на Груевски, пред оваа седница на Комисијата донесе одлука да се гласа „за“ одземање на мандатот на Груевски, но пратениците на опозициската партија воопшто не се изјаснија за одлуката.

Доколку Џафери и координаторите на пратеничките групи во понеделник одлучат да ја прифатат оставката на Груевски доставена преку нотарски акт како лична изјава, таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни.

Џафери вели дека мора да се направи консултација и со опозицијата и со владејачкото мнозинство како да се постапи поради тоа што ова е специфичен случај за што нема посебни ставки и одредби во нашата легислатива.

Во текот на следните денови се очекува Владата до Собранието да достави предлог за разрешување и избор на нови министри. Џафери вели дека не може да предвиди кога би се случило тоа, но потенцира дека седницата би можело да се закаже во пократок рок од десет дена. Исто така посочува дека кога ќе биде закажана седницата и колку таа ќе трае зависи од тоа дали ќе биде предложен избор на цела Влада или ќе биде предложена само реконструкција или промена на еден дел од министрите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Весела математика:
Паметен маж+Глупава жена
=романса
Паметен маж+Паметна жена
=афера
Глупав маж+Глупава жена
=дете
Глупав маж+Паметна жена
=шопинг
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...