Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.



За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

Богоевски за МИА потврди дека веќе поднел оставка, без разлика дали на седницата која требаше веќе да започне само ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот, како што предложи Комисијата. Тој за напладне најави прес-конференција во Собранието.

Инаку, почетокот на 102. собраниска седница доцни и како што најавија од Кабинетот на претседателот на Собранието, ќе започне во 12:30 часот. Одложувањето е поради средбата со чешкиот премиер. Се очекува, според информациите од Собранието, на седницата да биде констатирана оставката на Груевски, следејќи претходни примери на пратеници кои не биле лично на седница. За гласањето на Извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на владејачкото мнозинство му е потребно двотретинско мнозинство, кое во моментов го нема



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...