Домашни туристи на скопскиот аеродром чекаат од ноќеска да заминат за Хургада

Стотина туристи од земјава кои уплатиле аранжман за Египет од ноќеска се уште не можат да полетаат од скопскиот аеродром. Еден од патниците во изјава за 24 вести вели дека никој не ги информира што се случува.



-Требаше да полетаме во 2:30 часот, па најавата беше во 5:00 часот, па во 7:00 и последната е во 10 и 40, но засега нема ништо, вели патникот.

Аранжманот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не е пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски во изјава за МИА вели дека доколку не се реализира аранжманот патниците треба да поднесат претставка до инспекторатот и тие ќе постапат веднаш.

– Во вакви ситуации постапуваме веднаш, односно наредниот ден откако ќе добиеме претставка. Оштетените треба да ги донесат договорот и фискалната сметка за платениот аранжман, а агенцијата за нереализираниот аранжман треба да ги врати уплатените средства на патникот, појаснува Пауновски.

Тој додаде дека во 95 отсто од случаите парите се вратени на оштетените патници, како и во случај кога патниците не се задоволни и не го добиле она што било пропишано со договорот.

Оштетените патници средствата ги добиваат во рок од три дена, вели Пауновски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...