Идниот месец почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус

На вчерашната седница Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус.

Во текот на овој месец, до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани дози од двете вакцини. Почнувајќи од јули, родителите кои сакаат ќе имаат можност да го вакцинираат своето дете. Двете вакцини се даваат во различен период, соопшти денеска Министерството за здравство.

Посочуваат дека вакцинирањето е најдобар начин да се заштитат малите деца од рота вирусот, а спречува развој на симптоми на заболувањето како: дијареја, повраќање, стомачна болка и дехидратација, ја намалува потребата од престој во болница. Со вакцината, како што се наведува, се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле (девет од 10 деца).

Чести се пневмококните инфекции во детска возраст, посебно кај тие кои посетуваат градинки. Со вакцинацијата се намалува и можноста за пренос на вирусот. Претходно прележана пневмококна инфекција не значи заштита од идни пневмококни болести. Пневмококната вакцина е најдобар начин детето да се заштити од пневмококна инфекција. Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје и токму затоа активностите за промоција на имунизацијата продолжуваат во континуитет, истакнуваат од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...