Спасовски најавува камери за електронски надзор на сообраќајот

Министерството за внатрешни работи изготвува законски измени со цел да се воведе електронски систем во надзор на безбедноста на сообраќајот со поставување безбедносни камери, кои ќе можат да препознаат одредени прекршоци и директно да изрекуваат казни за сторителите со што ќе се намали евентуалното влијание на човечкиот фактор и ќе се скрати времето на изрекувањето на казните.



Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествуваше на тркалезната маса за проектот „Безбедно дома“, а давајќи коментар на состојбата со сообраќајните несреќи, пред се вчерашната на булеварот „Борис Трајковски“ во која загинаа 21-годишно момче и 48-годишен маж.

Спасовски не прецизираше кога би се случиле законските измени, кои би овозможиле поставување безбедносни камери за сообраќајните прекршоци, но напомена дека во земјава е потребно подигнување на јавната свест и зголемување на сообраќајната култура.

Истакна дека на булевар „Борис Трајковски“ од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење, а еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година.

-Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот, рече министерот за внатрешни работи.

Вчерашната несреќа, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“. Во Скопје во изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...