Се бара брзо расветлување на случајот „Рекет“ и подеднакво важење на законот за сите

Зачувување на интегритетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во СЈО, изјави вчера обвинителката Ленче Ристовска во име на тимот на СЈО. Дејствијата на поединци, според неа, не ги отсликуваат сите во обвинителството и не смее да ги доведат во прашање постапките што се водени досега.



Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара обвинителката од СЈО Ленче Ристевска на вчерашната прес-конференција, што ја свика СЈО откако Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец кои се осомничени за изнудување пари од бизнисмен. Истовремено, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка, а заради исрагата и беше одземен мобилниот телефон.

-Зачувување на интегритетот на СЈО е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во СЈО, изјави Ристевска во име на тимот на СЈО, додавајќи дека стојат зад досега завршената работа и оти сите предмети по кои се постапувало се водени законски.

Премиерот Заев во интервју за МИА дециден е дека законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кого станува збор.

– Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политички шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злоупотребуваат секаков вид на аргументи за да некој прави политички конструкции или слично, рече Заев.

Нагласи дека отворањето на овој случај значи дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа.

– Ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но истовремено сите индиции и докази мора до крај да се процесираат за да се докаже невиноста или вината на кој било инволвиран во истрагите, рече Заев во интервјуто за МИА давајќи коментар на последните случувања во врска со истрагата „Рекет“ во која Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за изнудување пари од бизнисмен за да влијаат да се олесни постапката против него врз одреден јавен обвинител.

Случајот се совпадна со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што изјави обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

Од ДУИ велат дека со разочарување гледаат на последните случувања и оти посочуваат дека како партија секогаш биле против селективна правда.

– ДУИ е најголем непријател на селективната правда, и доколку ги следите обраќањата на лудерот Али Ахмети ќе видите дека во секој говор селективната правда е како канцер на општеството, затоа ДУИ го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството, и кај сите носители на јавните функции, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.



Додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која било позадината, и кои биле реперкусиите, посочувајќи дека ДУИ останува на ставот дека земјава има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борбата против корупцијата на високо ниво во политиката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара притвор за Јанева, бидејќи, како што рече, исполнети се сите услови.

-Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови. Можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е прв човек на корумпирано СЈО, постои можност за бегство и за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби, смета Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...