Пендаровски: Граѓанско помирување, втемелено врз правда и одговорност

-Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи. За време на Втората светска војна, граѓаните на Македонија имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20 век – фашизмот и нацизмот и да ја ослободат својата татковина. Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување. Патот до помирувањето води преку правдата втемелена врз вистина. А за вистинска правда е потребно владеење на правото. Тоа мора да биде нашата темелна вредност со која не смее да се прави компромис. Само граѓанско помирување, втемелено врз правда и одговорност, ќе ни ја врати меѓусебната доверба и ќе ни овозможи да изградиме праведно и напредно европско општество во кое секој човек ќе се чувствува еднакво вреден. Нема друга алтернатива, порача претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по повод националниот празник Илинден.



Државата, истакна Пендаровски, е наша заедничка одговорност. Независно дали сме Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, независно дали сме христијани, муслимани, Евреи или атеисти, сите заедно да се грижиме за земјата како највредното нешто што го имаме. А јас како претседател, рече, заедно со вас, ќе правам сè што е во рамки на моите надлежности да имаме држава што ќе ги заштитува своите граѓани како највредното што го има.

-Имаме различни етнички потекла, зборуваме различни јазици, имаме различни религиски верувања и идеолошки убедувања. Колку поразлични сме, толку побогата е нашата култура и толку поширок е хоризонтот на можности. Но, сето тоа зависи од нас, дали и колку сме подготвени да ја почитуваме различноста. Затоа, да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи, независно дали се етнички, верски, идеолошки, партиски или генерациски. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на ЕУ. Да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде врз грбот на другите. Да градиме држава во која законите ќе важат за секој граѓанин подеднакво. А во центарот на тој историски потфат да биде достоинството на човекот и на граѓанинот кој мора да ја добие шансата да се реализира тука, во својата земја, подвлече претседателот.

Мора да бидеме свесни, дополни, дека еден ден ќе се соочиме со наредната генерација. Ако се помириме и заеднички вложиме во нашата европска иднина, тогаш ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци и да кажеме – ние го продолживме делото на нашите предци и го изодевме нашиот дел од патот. Сега е редот на вас.

Според претседателот на државата, неспорна историска вистина е дека антифашизмот е во основите на нашата држава и тоа ниту еден историски ревизионизам не смее да го доведе во прашање.

Пендаровски се осврна на средбата со командантот на Третата македонска ударна бригада, Јордан Цеков – Дане, но и на посетата на Алејата на великаните каде почиваат Кузман Јосифовски-Питу, Михајло Апостолски и Киро Глигоров, оддавајќи им посебна почит на илинденците и партизаните. Од нив, нагласи, треба да учиме, зашто слободата се добива, но, за неа мораме да се бориме постојано.

-Таму пишува дека умреа на нозе за да не клечат живи, а живи се, бидејќи мртов е зборот робје. Во време кога сме преокупирани со дневно-политички прашања, ова се освестувачки зборови што сведочат за димензиите на огромната жртва која ја овозможи денешната независност и слобода, истакна претседателот.

На денешниот ден, додаде, се потсетуваме дека слободата и државноста се освојуваат и опстојуваат преку сеќавањата што се пренесуваат од една генерација на друга. Вистината за Илинденското востание и денес е жива благодарение на сведоштвата кои ги оставија преживеаните илинденци. Раскажувајќи за битките и за слободната територија, за краткотрајната, но, славна Крушевска Република, тие на сите нас ни го пренесоа идеалот за создавање слободна македонска држава.

-Кога илинденската генерација зборуваше, вашата генерација со почит и со внимание слушаше и се инспирираше за следните битки. И денеска, на Илинден, јас не сакам да зборувам, а вие да ме слушате. Илинден е ден кога јас, како граѓанин, треба да ве слушнам вас. Кога вашата генерација зборува, ние, вашите потомци со почит и со внимание треба да слушаме и да бидеме благодарни затоа што никој нема поголемо право да зборува за вистината за НОБ и АСНОМ од вас, партизаните кои се изборивте за слободна македонска држава, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред Пендаровски се обрати претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, Никола Стојановски, кој рече дека се гоρди за делото на големците што го изгρадија, го гρадат и ќе создаваат постамент на нашиот вρвен пρилог во цивилизациите.

-Ние, боρци, пρодолжувачи и симпатизеρи, со возвишени гρаѓансκи и дρжавничκи чувства, остануваме гоρди на боρбата 1941-1945, на Заседанието и одлуκите на АСНОМ, κаκо и на изгρадбата на совρемената, модеρна, демоκρатсκа, пρоспеρитетна и едуциρана дρжава, на општествените тρанзиции, до денес, а за идните безбедносни и модеρни пеρспеκтиви. Со висоκа почит κон паднатите жρтви, депоρтиρаните гρаѓани и многу истоρисκи пρемρежиjа, отвоρање пρашања, гоρди сме за делото на големците што го изгρадија, го гρадат и ќе создаваат постамент на нашиот вρвен пρилог во цивилизациите. Тоа се вистини и фаκти, тоа е гоρдост на денес, геогρафсκи, сκρомната дρжава, ама во остваρениот сон на минатите и сегашните генеρации, идната голема, слободоумна и пρоспеρитетна Ρепублиκа Севеρна Маκедонија, напомена Стојановски.

Чествувањето на Илинден во вилата „Водно“ почна со интонирање на македонската химна, во изведба на хорот „Вардар“. Меѓу присутните беа владини претставници, пратеници, претставници на здуженија на борците и други гости. Пред обраќањето на Пендаровски, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите што го положија животот за нашата земја.

истрајно и непоколебливо продолжуваме да ја градиме македонија како проспериттена, слободна држава на сите граѓани

Претседателот Пендаровски претходно, со претставници на Сојузот на борците, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а оддаде почит и на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на генералот Михајло Апостолски во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел.

Утрово, пак, делегација од Кабинетот на претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, по повод 2-ри Август, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

По повод 2-ри Август – Денот на Републиката, делегации од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваат на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и во Смилево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Врти плавуша кај дечкото на мобилен и од таму слуша женски глас:
- Претплатникот не е достапен...
... па оваа реагира:
- Ма немој, краво една, а тебе достапен ти е, а???

*...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1270.- Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во...
1530.- Роден е Иван Четврти Василевич - Грозни,...
1718.- Француските доселеници во Америка во...
1744.- Роден е германскиот писател, историчар,...