Топло со температура до 36 степени, од утре и 41 степен

Сончево и топло со температура до 36 степени, а од утре ќе биде многу топло со температурата што ќе се искачи и над 40 степени, со што ќе биде активирана жолта, а во некои региони и портокалова фаза. УВ индексот ќе биде висок и изнесува 9.



Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде помеѓу 10 и 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ зраците ќе го достигне индексот 9.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло, со температура од 16 до 34 степени.

Метеоролозите за од утре до средината на наредната недела најавуваат пораст на температурата која на места ќе достигне 41 степен под влијание на многу топла воздушна маса.

Во услови кога се активира жолта и портокалова фаза се препорачува граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, да консумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, како мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.

Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Заради најавата на топлиот бран од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, ДЗС презема и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно апелира до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено.

Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...