Објавени нови делови од снимката за договорите и исплата на парите од Камчев на Боки 13

Интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ утрово објави нови делови од снимката за исплатата на притвореникот Орце Камчев кон Бојан Јовановски (Боки 13) што во добар дел и се повторуваат од вчера пласираните аудио и видео материјали.



Денешната снимка содржи аудио запис од разговор за кој се слушаат гласови што потсетуваат на оние на бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев и Боки 13, а во еден дел и вметната една реченица од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Нема видео за да се види каде и како се одвиваат разговорите.

Автор на вчерашната и денешни снимки не познат, ниту како се снимани и кој ги дистрибуирал. Објавувач е новинарот Ларис Гајсер, познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на ВМРО ДПМНЕ.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое го води предметот „Рекет“, не прецизираше дали им е позната вчера објавената снимка и дали ја имаат како доказен материјал. Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА нагласи дека видео снимката не е од извори од Обвинителството и оти таа не може да ја загрози истрагата за „Рекет“. До колку дојде до судска постапка, според Јовески, доказите, меѓу кои и снимени материјали, Обвинителството ќе ги презентира како доказ.

Во врска со објавите се огласи и специјалната обвинителка Јанева, која вели дека е фрапирана како нејзините постапки „се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“.

– Како специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на информации, вели Јанева, додавајќи дека разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, но во никој случај и во ниеден момент не тргувала со никакво влијание, не ја злоупотребила својата функција и не постапувала спротивно на законот. – Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина, нагласува Јанева.

Владејачката СДСМ оцени дека објавувањето на снимка е дел од „однапред подготвено сценарио за ништење на правната држава и интеграциите во ЕУ и НАТО“ и изрази увереност дека тоа всушност само ќе ја забрза истрагата за „Рекет“ и ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на случајот или за нечие спасување.

Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе став дека снимката претставува „крунски доказ дека Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет“, како и дека Боки 13 и Кичеец „се само пипките на криминалниот октопод на власта“. Според партијата, станува збор за „злосторничко здружување од судии, обвинители и политичари“.

Инаку весникот „Ла Верита“ во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјата, како прв странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи во која генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, наводно го мести победникот на тендерот за набавка на опрема за М-НАВ.

Ларис Гајсер, кој е Словенец со италијански пасош, претседател на Паневропското движење на Словенија и член на Претседателството на меѓународната Паневропска Унија, заедно со доскорешниот македонски амбасадор во Брисел и советник на поранешниот премиер Никола Груевски, Андреј Лепавцов. На парламентарните избори во 2011 година Гајсер беше кандидат на изборите за десничарската Словенечка народна партија (СЛС).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...