Мицкоски: „Рекет“ не можен без знаење на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја обвини власта и премиерот Зоран Заев дека стојат зад „Рекет“ и ги штитат осомничените и криминалот.



На прес-конференција во партиското седиште, Мицкоски кажа дека „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев. Посочи дека Катица Јанева се уште го води компромитираното СЈО, и оти треба дополнително да се испита улогата и на сите останати обвинители и помошници и можноста за постоење други вакви случаи.

Мицкоски забележа зошто Јанева не е во притвор, кога во минатото СЈО барало притвор за многу помали случаи.

– Јанева не е во притвор, може да избега, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Нема правна држава. Ако ја имаше, Катица ќе беше во притвор, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете немаше да се заканува на новинари и да забошотува криминали, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како лажна ја оцени изјавата на Јанева дека ниту свесно ниту несвесно имала врска со „Рекет“. Објавените снимки, според него, покажуваат дека СЈО и првиот човек се вмешани.

Потсети и на изјавата на Заев дека и верува на Катица и дека е човек со капацитет. – Сакаше да ја унапреди за републички јавен обвинител, а другите обвинители од СЈО да продолжат во новото обвинителство. Сака компромитираното СЈО да го преслика во обвинителскиот систем. Тоа сака да го направи со закон. Тоа не може да помине, рече Мицкоски.

Тој обвини и дека НВО на еден осомничените за „Рекет“ важи за чедо на СДСМ и оти има сомнежи дека е параван за многу други криминални случаи.

– Зоран Заев е во состојба да се откаже од сите за самиот да се спаси. Заев е должен да каже какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој се е вклучен во белградската врска на мешетари и кои се луѓето што се офајдиле од куфер политиката. На што се должи заладувањето на реториката на Заев кон Јанева и Боки 13, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање дали имал контакт со осомничениот Зоран Милески Кичеец и дали примил пари од него, Мицкоски рече дека таквите тврдења се обид на власта да го вмеша во „Рекет“. Тврди дека луѓе од власта „му нуделе милост на Кичеец за да даде таков исказ“.

– Нека дадат доказ дека тоа се случило и јас сум подготвен да понесам одговорност и сам да се пријавам во затвор, кажа Мицкоски.

Во врска со законот за ЈО, изрази надеж дека по годишните одмори ќе продолжат разговорите. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ, посочи, се почитување на Уставот и законите, а не да бидат прекинати веќе почнатите постапки за актуелни и поранешни членови на оваа партија.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени парламентарни избори, Мицоски кажа остануваат на ставот дека тие се потребни час поскоро, но оти за тоа се потребни 61 пратеник во Собранието, што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги нема. Затоа го повика владејачкото мнозинство и, како што наведе, разочараните од владеењето на Зоран Заев, да се приклучат кон барањето за предвремени избори.

Мицкоски не откри со каква стратегии натаму ќе настапува опозициската партија, но рече дека следните чекори ќе бидат изненадување за власта, која, како што наведе, жестоко ќе биде поразена на наредните избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...